Коло пред крајот на првенството, „спарси“ ја заземаат токму оваа позиција со 58 бода, имајќи два повеќе од седмиот Волверхемптон, кој, сепак, вечерва е домаќин на Кристал Палас. Во последното коло, сепак, „волците“ имаат тешко гостување кај Челси, додека Тотенхем гостуваат кај Палас.
– За нас беше многу важно да го направиме крајот на сезоната како што го имаме сега. Ние сме една од екипите кои освоија најмногу поени од рестартирањето на првенството. Наша цел е да го освоиме шестото место. За таа цел мора да го победиме Кристал Палас и да чекаме за резултатите од другите натпревари. Можеме да го обезбедиме седмото место и сами, но можеби не е доволно за нас за Лига Европа. Важно е што ќе постигнеме со оглед на нашите цели следната сезона, рече Мурињо, чиј тим го забележа својот трет последователен успех во неделата по победата од 3 0 на домашен терен против Лестер.
МИА
]]>


