На Јутјуб се појави снимка од сообраќајната несреќа која што се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај село Скачковце.
Видеoто кое што е објавено на Јутјуб е снимено од автомобил кој што се движи на средината од коловозот, а на моменти вози на спротивната лента.
Во несреќата учествувале автомобил „Шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 21-годишниот М.З. од кумановско Скачковце и патничко возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки управувано од 30-годишниот Ш.Ш. од Куманово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.