Охрид за продолжениот празничен викенд е преполн со гости. Колони возила пристигнуваа во главниот туристички центар. Посетителите подзаборавија на корона вирусот, дел од туристите не ги почитуваат мерките за заштита, не носат маски ниту пак држат социјална дистанца.
Најголеми гужви има на плажите, чаршијата и кејот. Шпицот на сезоната донесе и сообраќаен хаос, а градот е преполн и со ѓубре од несовесните.
На социјалните мрежи се појави видео од охридската плажа „Градиште“, каде „нема каде игла да се фрли“.
Голем број на граѓани се присутни на познатата плажа, но забележливо е дека не се одржува дистанца ниту пак некој носи маска.
По завршувањето на продолжениот викенд за очекување е бројот на новозаразените да се зголеми.
Епидемиолозите, пак сметаат дека напливот на туристи и непочитувањето на мерките за заштита на дел од гостите во наредниот период може да резултира со зголемена бројка на заразени.