Нови 85 случаи на КОВИД-19, 42 оздравени и четири починати лица

Mинистерството за здравство денеска регистрира 85 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.188 тестирања. Оздравени се 42 пациенти, а починаа четири лица.Во последните 24 часа се направени 1.188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19. Во  Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.Институтот за јавно здравје денеска регистрира 45 оздравени пациенти од: Скопје-1, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Демир Хисар-2, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-7.

Починати се четири лица, два пациенти од Скопје, едниот на  72-годишна возраст, а другиот на 84 години.Почина пациент од Дебар (62 години) и пациентка од Штип (66 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.839, бројот на оздравени пациенти е 7.664, а на починати е 527. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5149, активни 1335• Куманово 1148, активни 276• Дебар 219, активни 127• Штип 953, активни 400• Прилеп 345, активни 49• Тетово 1088, активни 190• Струга 478, активни 195• Велес 234, активни 23• Битола 165, активни 72• Охрид 297, активни 89• Кавадарци 110, активни 88• Гостивар 562, активни 326• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 41, активни 25• Крива Паланка 26, активни 12• Радовиш 33, активни 10• Крушево 16, активни 7• Кочани 112, активни 24• Пробиштип 63, активни 21• Демир Хисар 43, активни 30• Македонски Брод 51, активни 40• Пехчево 6, активни 0• Берово 8, активни 4• Валандово 7, активни 1• Виница 30, активни 26• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 14, активни 4• Свети Николе 239, активни 114• Кичево 196, активни 116• Ресен 146, активни 17• Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1.188 теста се преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-17, Авицена-145, Биотек-88, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Систина со PCR метода -155, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-67, Инфективна клиника-6, ГАК-8.

Досега во земјата се направени вкупно 114807 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се три пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на КОВИд-19 и четири деца позитивни на вирусот, а пет пациенти се суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести