Дваесетгодишната Џесика со години настапуваше под знамето на Сингапур, а преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм таа опиша низ што се поминала низ годините.
На овој чекор се одлучила, како што вели, мотивирана од се почестите изјави на гимнастичарите кои имале слична судбина.
„Кога имав 11 години започна физичката злоупотреба. Тренерот ме тепаше со заштитна обвивка за ножевите на лизгалките. Кога ќе се налутеше, а тоа се случуваше секој пат кога ќе направев и најмала грешка, тој ќе ми речеше да ги пружам рацете и ме удираше по нив. Понекогаш ме тепаше и по рацете и по нозете без предупредување, пред сите присутни на лизгалиштето. Кога ќе имаше особено лош ден, ме удираше по 10 пати по ред“, напиша Ју.
Сепак, нејзиното мачење не завршувало тука.
„Ако имав проблеми со некој скок, ќе ме викнеше да застанам покрај него и ќе ме удреше во долниот дел од ногата со врвот на неговата лизгалка. Ќе ме раскрвареше, а потоа морав да продолжам со тренингот“, откри Џесика.


