Според шпанските колеги, постои список на играчи кои нема да бидат во плановите на новиот тренер, без оглед кој е тој. Артур веќе се пресели во Јувентус. Тој стана дел од размената на договорот со „бјанконерите“, во кој беше вклучен и Миралем Пјаниќ.
Хрватот Иван Ракитиќ е следниот близу до напуштање, а заинтересирана е неговата поранешна екипа Севиља.
Данецот Мартин Брајтвајт исто така ќе го напушти клубот. Тој пристигна во Барса на почетокот на годината со големи очекувања, но неговиот настап беше неубедлив. Не е јасно дали тој ќе биде продаден или едноставно ќе биде ослободен.
Чилеанецот Артуро Видал ќе биде искористен како „монета“ за договарање, наводно во договор со Лаутаро Мартинез. Ист е случајот со Жуниор Фирпо.
Покомплицирана се чини дека е сложувалката со Самуел Умтити, кој има проблеми со левото колено. Клубот сака да го раскине договорот доколку не пристигне понуда. Тој добива околу 12 милиони евра годишно, што е сериозен трошок за Барселона.
И Усман Дембеле е на „црната листа“. Проблемите со повредите и хаотичното однесување надвор од теренот се клучни за одлуката да се разделат Каталонците со него. Дембеле е вреден околу 24 милиони евра, а овие пари може да се искористат за купување на Ерик Гарсија од Манчестер Сити.
Покрај седумте играчи, во првото сито има и 5 други играчи кои можат да се сметаат за такви кои „добиле жолт картон“. Тоа се Нелсон Семедо, Луис Суарез, Серхи Роберто и Антоан Гризман, кои многу веројатно ќе заминат при добри понуди.
MИА
]]>


