Иако и денес има нови откажувања, сепак српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сака да игра на годинашниот УС Опен. Тој веќе слета во Њујорк со својот тим, за што сведочи и фотографија објавена на социјалната мрежа Инстаграм од неговиот тренер Горан Иванишевиќ.
-Време е за најчудните Синсинати и УС Опен во историјата. Се надевам дека ова ќе биде само сега – нека почнат игрите, напиша Горан Иванишевиќ на Инстаграм.
Пред Ѓокович е турнирот во Синсинати, кој ќе се игра од 22 август и ќе се одржи во Љујорк, а потоа и УС Опен, кој започнува на 31 август.