(ВИДЕО) Ви се верува ли: Бил Гејтс му направи торта на Ворен Бафет, подарок за роденден

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, по повод 90-тиoт роденден на милијардерот Ворен Бафет, направи орео торта.

Гејтс на Твитер објави видео во кое му се обраќа на својот пријател Бафет, а во рацете држи торта на која е насликан Бафет, пренесе Си-Ен-Ен.

„Среќен 90-ти роденден Ворен“, напиша Гејтс.

Мора да се признае дека кога станува збор за милијардер, многу е тешко да се избере подарок, но бидејќи Бафет е познат по тоа што многу сака да јаде благо, има и сопствена фабрика за слатки, и да пие кока-кола, каде што е и инвеститор, веројатно на Гејтс му било лесно при изборот. Според Си-Ен-Ен, Гејтс и Бафет долги години се пријатели.

Гејтс не случајно се одлучил сам да направи орео торта. Тој на својот блог еднаш напиша дека иако му било забрането од докторите, еднаш го „фатил“ Бафет како скришно го јаде својот омилен десерт за појадок – орео торта.

https://twitter.com/BillGates/status/1300110509455282176
]]>

Најчитани вести