Во видеото за новиот сингл „Ultrareve“ на групата АаРОН, главната улога ја игра славниот актер Жан-Клод Ван Дам (60), а спотот го режирала неговата ќерка Бјанка.
Според Симон Бурет и Оливие Курзиер од дуото АаРОН, Ван Дам ги контактирал затоа што му била потребна музика за неговиот нов филм. Потоа го информирале дека тиезавршиле со снимањето на новиот албум, што го заинтересирало Ван Дам.
Жан Клод ни се јави и ни рече колку многу му значи оваа песна. Тој предложи неговата ќерка Бјанка да го режира видеото.. Така сонот стана реалност – велат од дуото АаРоН.
Не само што ќерката на Ван Дам го режирала видеото, туку и неговиот син Крис учествувал во снимањето како снимател.
A Ван Дам, што може да прави ако не да се фали со своите мускули на кои можат да му подзавидат многу негови колеги.


