Министерството за одбрана ја активираше целата Национална гарда во Вашингтон, откако приврзаници на претседателот Доналд Трамп го пробија полицискиот кордон и упаднаа во зградата на Конгресот на Капитол.
Џонатан Хофман, главниот портпарол на Пентагон, потврди дека Националната гарда е мобилизирана.
Лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер и спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси издадоа заедничко соопштение во кое го повикуваат претседателот Доналд Трамп да побара од демонстрантите веднаш да се повлечат.
https://twitter.com/jazmineulloa/status/1346898566703435779
Советник на Белата куќа изјави за Си-Ен-Ен дека некои соработници на Трамп се бесни што претседателот не сака да стори повеќе за да ги запре демонстрантите на Капитол.
https://twitter.com/igorbobic/status/1346908735059456005
Фото: АПФ
MИА
]]>


