СП 2026: Де ла Фуенте – Знам дека ќе дојде денот кога Јамал ќе блесне

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, во најава на вечерашниот полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција во Далас, изјави дека сè уште го чека големиот натпревар на својот бисер Ламин Јамал, кој вчера го прослави својот 19. роденден.

„Му реков да не се грижи и да ужива. Сигурен сум дека големиот ден на Ламин на Светското првенство ќе дојде. Се надевам дека тоа ќе се случи против Французите, а ако не, тогаш во финалето ако се квалификуваме“, рече Де ла Фуенте на официјалната прес-конференција пред натпреварот со Франција.

Јамал пристигна на Светското првенство со повреда на мускулот од која постепено се опоравува и наспроти големите очекувања, досега постигна само еден гол.

Полуфиналето меѓу Франција и Шпанија е програмата вечерва во 21 часот по средноевропско време во Далас.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести