Откако социјалната мрежа Твитер ги повлече објавите на Доналд Трамп и му го блокираше профилот во време траење од 12 часа, истото го направи и Фејсбук.
Трамп не може да објавува на неговата официјална страница на Фејсбук 24 часа.
-Проценивме дека има повреда на две правила за однесување на оваа социјална мрежа од страна на претседателот Трамп. Затоа тој има забрана за објавување на оваа платформа во следните 24 часа – објавени Фејсбук.
Исто така, каналот на Јутјуб го повлече видеото на кое Трамп им се обраќа на своите приврзаници пред Капитол Хил. Иако Трамп ги повика приврзаниците „да се вратат дома“ и го повтори тврдењето дека изборите биле „украдени“.
Претходно, Твитер отстрани неколку објави на Доналд Трамп и предупреди дека може и трајно да го отстрани профилот на Трамп.