Фејсбук страницата „Сеир МК“ објави видео од денешната прес конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод предадената опрема во вредност од над 7 милиони денари за потребите на сообраќајната полиција од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Спасовски одби да му даде збор на заменикот Назим Буши да одговори на новинарското прашање да ја прокоментира групната фотографија на функционерите на ДУИ во Министерството за политички систем.