Објавен списокот на патниците во авионската несреќа во Џакарта, меѓу нив 7 деца и три бебиња

Жителите на островот Ланканг пронајдоа остатоци од авионот во близина на местото каде што наводно се срушил, а по него се трага со часови.

Mинистерот за транспорт на Индонезија, Буди Карја Сумади, ја потврди информацијата дека авионот е паднат, а патниците засега се сметаат за исчезнати.

Во авионот имало 56 патници, 46 возрасни, седум деца и три бебиња. Во авионот имало и шест членови на екипажот.

https://twitter.com/Aviation_NewsTW/status/1347866676369387522

На аеродромот во Џакарта веќе се пристигнати и роднини и семејства на патниците во авионот кои чекаат вести за своите најблиски.

Локалните медиуми пишуваат како тие меѓусебно се гушкаат за да си дадат утеха едни на други.

Авион на авиокомпанијата „Сривиџава ер“ исчезна од радарот неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта. Авионот се урнал од висина од околу три километри за помалку од една минута. Станува збор за авион Боинг 737-500.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести