Индонезиските нуркачи го пронашле уредот за снимање на гласови од пилотската кабина на авионот што минатата недела се урна во Јавското Море, а сè уште трага по неговата црна кутија со меморија, изјавил денеска поморскиот офицер Абдул Рашид.
– Го најдовме куќиштето и делот што го испраќа сигналот, а сега ја бараме меморијата – објаснил Абдул пред новинарите во директен телевизиски пренос на поморскиот брод „Ригел“.
Тој додал дека верува дека нуркачите ќе ја пронајдат и меморијата за неколку дена и дека црните кутии на авионот се обично силни и можат да го издржат ударот.
Авионот со 62 лица се урна на 9 јануари, веднаш по полетувањето од аеродромот во Џакарта. Во авионит имало 12 члена на екипажот и 50 патници, од кои седум деца и три бебиња. Сите се граѓани на Индонезија.
]]>


