Мицкоски на средба со Орбан и Сијарто во Будимпешта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта денеска имаа средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. На средбата Мицкоски зборувал за блокираните европски интеграции и побарал помош од Унгарија и севкупна поддршка за земјава.

Како што соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата со унгарскиот премиер Орбан беа констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.

Мицкоски, како што се наведува, се осврнал и на блокираните европски интеграции кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побарал поддршка од Унгарија за одблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.

На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, станало збор за стратешките приорити врзани со членството на државата во Европската Унија.

Како што се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побарал од Сијарто поддршка и вклучување во одблокирање на пристапиот процес.

Мицкоски посочил дека државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјава кон патот на Европската Унија. 

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести