(ВИДЕО) Полковник Василевски: Токму Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ им издаваа безбедносни сертификати на лицата за кои денес обвинуваат

„Денес ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки си паднаа во дупката која сами за друг ја копаа. Сакам да ве информирам дека двете лица кои тие ги спомнуваат на денешната прес конференција, добиле сертификати токму во времето на претходната влада раководена од партијата која ја организира прес конференцијата. Добиле сертификати, од нив, во нивно време. А токму во едниот од овие сертификати, во досието фигурира потписот на Ковачки кој потврдува дека нема никаков проблем на тоа лице да му се издаде национален и НАТО безбедносен сертификат. И сега? Зошто лаги, манипулации и двојни аршини“?, рече денес во изјава за медиумите  полковник Горан Василевски, раководител на  Сектор – служба за воена безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана.  

Василевски изрази осуда на начинот на кој Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ ја политизираат темата за безбедносните сертификати.

„Како припадник на безбедносниот сектор кој носи одговорност во дел од процесот за издавање безбедносни сертификати, изразувам силна осуда за тенденциозно наметнатата тема за ветинг-процесот, која Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ упорно ја пласираат во јавноста“, рече тој.

„Наспроти нивните обвинувања дека станува збор за непрофесионализам и партиско влијание, одговорно тврдам дека постапката за ветинг се врши од тим обучен од страна на НАТО врз чија работа не се врши апсолутно никакво влијание. Очекував да престанат затоа што е непрофесионално ова што го прават и затоа што во овој сектор лагите и манипулациите со кои се служат се опасни. Но, бидејќи не престануваат одговорност ми е да кажам дека маските мора да паднат“, истакна Василевски и додаде: „Како офицер за безбедност при Министерството за одбрана, тврдам дека е поминато времето за пазарење со безбедносните сертификати и политизирање на истите“.

https://youtu.be/zuVLea1Tou4
]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести