(ВИДЕО) Oд градинка и сауна, па надвор на туширање со кофа вода

Децата во државната градинка во Краснојарск, Сибир, прават пауза од секојдневните активност во градинката и по долна облека излегуваат надвор на снегот, каде што сврз себе истураат кофа со ладна вода.

Можеби звучи грубо, но ова е дел од нивната едукативна програма за која се верува дека ги одржува здрави и имуни на бројни инфекции.

„Малите палавковци прво се загреаат во сауна, а потоа излегуваат надвор на традиционално капење со ладна вода“, изјави за „Дејли меил“ портпарол на одделот за образование во Краснојарск.

Оксана Каботко (45), воспитувачка и тренер по пливање, изјави дека го избегнуваат овој вид „образование“ во случаи кога е многу студено, односно ако температурата падне на минус 25 степени Целзиусови.

За ова, посочува, имаат одобрение од родителите на децата, но исто така додава дека повеќето мајки и татковци апсолутно се согласуваат со политиката на градинките. Пред да ги пуштат на снегот и да истурат вода врз нив, децата учат како да дишат правилно во тој момент.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=15&v=3qYhhujOtpA&feature=emb_title

Каботко вели дека децата кои одат ја користат оваа техника со туширање на снег се поизбалансирани и оптимистички расположени.

-Тие се и подобро организирани. Ова мора да се прави секое утро, а за тоа треба волја. Не принудуваме никого – објасни воспитувачката.

Нејзината колешка вели дека лекарот исто така потврдил дека децата кои „се тушираат на снег“ многу полесно ја „поминуваат сезоната на грипот“.

]]>

Најчитани вести