Oбјавена првата фотографија на новиот сој на коронавирусот

Научниците од сибирскиот центар за исражување за прв пат направија фотографија од новиот сој на коронавирусот. Примерокот бил изолиран од пациент во декември минатата година, објави рускиот сервис за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, пренесе Телеграф.рс.

Тие наведоа дека фотографијата е направена под електронски микроскоп како дел од тековната студија за коронавирусот, „вклучувајќи ги неговите структурни карактеристики и манифестации во клеточните култури“.

Сликата е добиена со помош на електронски микроскоп, со зголемување од 100 000 пати а на неа се гледа тркалезна вирусна честичка, со дијаметар од околу 96 нанометри.

Новиот вид на коронавирусот е доминантен во Велика Британија и е регистриран во повеќе од 60 земји во светот. Според досега достапните информации, новиот вид на коронавирус е позаразен од претходниот.

]]>

Најчитани вести