Приведен е скопјанец, кој со нож го убил својот татко, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.
– Синоќа околу 23 часот во Скопје, на територија на ПС – Бит Пазар, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., 31-годишен скопјанец, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л., 52-годишен скопјанец. Според пријавеното, синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга – мајка на Б.Џ., по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко. По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Свети Наум Охридски“ за укажување на помош – информираа од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција.
– По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – додадоа од МВР.
МИА


