Нови 302 случаи на Ковид-19, починати десет, а оздравени 444 лица


Во последните 24 часа се направени 2024 тестирања при што се регистрирани 302 нови случаи на Ковид-19, починати се десет лица, а 444 пациенти оздравеле.

Од вкупниот број новинифицирани, од Скопје се 165, Велес – 14, Куманово – 13, Охрид – 12,  Кавадарци – 12, Тетово – 11, Дебар – 8, Струмица – 6, Радовиш – 6, Делчево – 6,  Гостивар – 6, Штип – 5, Прилеп – 5, Битола -5  , Демир Капија – 4, Струга -3, Свети Николе – 3 , Кочани – 3, Гевгелија – 3 , Неготино -2, Крива Паланка – 2, Кратово – 2, Кичево -2 , Дојран – 2 , Ресен – 1, Берово -1, информира Министерството за здравство.

Од починатите десет лица, пет се од Скопје (83,75,82,70 и 47г) и по едно лице од Струмица (67г), Струга (55г), Прилеп (61г), Охрид (85г) и Гостивар (51г). Девет починале во болнички услови, а едно лице е починато во Дом за стари лица во Скопје.

Институтот за јавно здравје регистрира 444 оздравени пациенти од Скопје – 219, Тетово – 37, ,Гостивар – 26, Куманово – 21, Струмица – 20 , Кавадарци – 16, Штип – 14,  Велес – 14, Неготино – 13, Прилеп – 10, Гевгелија – 8, Берово – 6, Битола – 5, Делчево – 5, Кочани – 4 , Крушево – 4, Свети Николе -3 , Македонска Каменица -3, Охрид -2 , Дебар -2 , Крива Паланка – 2, Виница – 2, Демир Капија -2, Струга -1, Кичево -1 , Радовиш -1 , Македонски Брод – 1, Богданци – 1 , Дојран – 1 .

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92193, бројката на оздравени пациенти е 80837, на починати е 2841, а бројот на активни случаи изнесува 8515. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Направените 2024 теста се преку: ИЈЗ-339, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-195, Биотек-164, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина-202, лабораторија Лаор–146, МАНУ-101, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-42, Инфективна клиника-4, ГАК-0, Синлаб-25, Ремедика-14, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-609, УК Пулмологија со алергологија–2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 452.019 тестирања на Ковид -19.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести