Британскиот сој ја земал првата жртва во С. Македонија

Британскиот сој на коронавирусот ја земал првата жртва во нашата земја, дознава Дојче веле.

Новиот сој на корона вирусот е потврден кај еден скопјанец и еден охриѓанец.

Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред четири дена.

Веста ја објави на Твитер д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“. Токму тој пред неколку дена пред јавноста ја сподели загрижувачката вест – дека заразниот вирус, којшто навлезе во 70 земји досега, е присутен и во земјата уште пред Нова година.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести