Филипче посочи дека во текот на вчерашниот ден Владата на затворена седница го усвоила Договорот за набаква на вакцини од Кина и го задолжила Министерството за здравство.
– Ние ќе го потпишеме во понеделник, после што се надевам дека за најкраток можен временски рок тие ќе стигнат во земјава. Ние интензивно работиме и на обезбедување на соодветен начин на транспорт.
Тоа значи дека станува збор за 200.000 вакцини, како што веќе најавивме, рече Филипче.
Министерот истакна дека во текот на изминатите денови е адаптиран и националниот план за имунизација што ќе се одвива во три фази.

Во првата фаза ќе бидат вакцинирани здравствените работници со највисок ризик и лица над 70 години, во втората фаза здравствените работници со умерен ризик, вработени во витални институции, лица над 65 години и помлади ако имаат коморбитети и во третата фаза ќе се вакцинираат сите други што сакаат – ова накусо го предвидува планот за вакцинација што денеска го претстави министерот за здравство Венко Филипче.
-Целта е вакцинацијата да не запре. Граѓаните во ризични групи да се вакцинираат во што поголем број, за да постигне што поголем опфат. Здравствениот систем е подготвен за прием на вакцините и за и спроведување на вакцинацијата. Сите вакцини на пазарот се безбедни и ги поминале сите фази на испитување и студии. Имунизацијата е најсилно оружје во борба со вирусот, но и понатаму треба да се почитуваат сите други мерки – маска, дистанца… – рече Филипче.
На прес-конференција се присутни и претседателката на Комитетот за имунизација д-р Александра Грозданова и Жаклина Чагоровска од електронскиот систем „Мој Термин“.
]]>


