Таа тогаш поседувала и други имоти и поминувала време и во нив, но како што вели, купувањето луксузен дом било еден вид емотивна пресвртница и разделба со нејзинита сестра Венус, со која дотогаш заедно живееле.

„За прв пат во животот се оддалечив од Венус, па сакав ова навистина да има смисла“, изјави најуспешната светска тенисерка за „Architectural Digest“.
Со цел целосно да ја трансформира и модернизира летната куќа во шпански медитерански стил, Серена ангажирала дизајнери од компанијата „V Starr“, која нејзината сестра ја основала во 2002 година.

После неколку години работа, Серена ги покажа неверојатните резултати на страниците на „Architectural Digest“, во изданието што ќе биде објавено во март.
Ентериерите во нејзиниот дом се делумно инспирирани од хотелите што ги посетила за време на нејзините светски патувања, пишува Си-Ен-Ен.
Куќата е совршено прилагодена за удобен живот во карантин, има своја теретана, сауна, визба за вино, бесконечен базен, просторија за караоке и огромен плакар инспириран од бутик.
Куќата е полна со луксузни детали, а Серена истакнува дека нејзиниот омилен дел е просторот за уметност, изграден во внатрешноста на она што првично било предвидено за ходник и дневна соба.
Со прозорци од подот до таванот со висина од 28 метри и пространи бели ѕидови, куќата е совршена за изложба на личната колекција на Серена, која вклучува уметнички дела од скулпторот Леонард Дру и сликарот Редклиф Бејли.

Единственото нешто што не може да се најде во нејзиниот дом е тениско игралиште.
„Сакав да го одвојам домот од работата“, изјавила Серена и дообјаснила: „Ми се допаѓа да сум дома. Со мојата работа никогаш немам време да се опуштам. Затоа е добро за мене што дома можам да седам мирна и да не правам ништо“.


