Доцните на работа, набрзина се подготвувате, си го барате паричникот кај ви е, па ги барате клучевите, па телефонот, си ги обувате чевлите, конечно излегувате и само што стигнавте до автомобилот пред зграда ви текна: си ја заборавивте маската. Веројатно ова им се случило на сите, а на германската канцеларка Ангела Меркел ѝ се случи пред камера.
Нејзината реакција насмеа многумина, а ова е само доказ дека заборавањето на маската може да им се случи и на најорганизираните луѓе во светот каква што е и Меркел.
Патем, на политичарката во чии „раце“ е Германија веќе долго време, ѝ се случи пандемија на крајот на нејзината кариера, кога веќе објави дека се повлекува од политиката. И покрај ова, многумина ја фалат Германија за начинот на кој реагираше на ширењето на коронавирусот.