Има можност Македонската банкарска асцијација да поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката со која Народната банка времено им забрани на банките да делат дивиденда од остварената ланска добивка за која Централната банка извести утрово.
Од Комерцијална банка која пак денеска објави за закажано Акционерско собрание за 29 март годинава а на кое предлог одлука е и поделбата на дивиденда за „Фактор“ попладнево го дале следниот коментар:
„Материјалите за Собранието на акционери на Комерцијална банка АД Скопје се усвоени од Надзорниот одбор на Банката и, согласно законските прописи, се објавени во јавност пред Одлуката на Советот на НБРСМ. Очекуваме дека по однос на Одлуката на Советот на НБРСМ, Македонската банкарска асоцијација ќе изгради соодветен став, вклучувајќи и можност да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на оваа Одлука.“
Повеќе на линкот: Фактор.мк
]]>


