К1 телевизија од Србија во своето истражување за коронавирусот забележале дека, сега додека е активен третиот бран на коронавирусот, еден од топ 3 најбарани поими е „Де димер“.
За овој поим тие го прашуваат нивниот гостин во емисија, Дарио Јоциќ, васкуларен хирург.
Тој рече дека Д димер е показател што ја означува состојбата на пациентот и неговите зголемени вредности алармираат дека организмот на пациентот се бори со воспаление или со нешто друго.
Toj исто така истакна дека оваа анализа се прави за хоспитализираните пациенти и потребна е иста таква анализа од неколку дена затоа што треба да се види динамиката.
Водителката забележа дека во вториот бран на коронавирусот повеќе се зборуваше за воспаление на белите дробови, а сега во третиот за тромб. Токму затоа и овој поим е баран бидејќи Де димерот настанува при разградување на претходно формиран крвен тромб при процесот на фибринолиза.