Се преврте и пропадна машина за чистење на плоштадот Македонија

Машина за чистење пропадна утрово на Плоштадот Македонија во Скопје.

Како што кажуваат работниците за СДК, машината одеднаш се превртела и огромна дупка се направила на плочникот. За среќа, нема повредени.

„Повикана е екипа на Министерството за внатрешни работи да изврши увид. Ова е резултат на неквалитетна изведба на плоштадот во времето на претходната власт во Градот. Не дај боже, може и граѓани да се повредат“, велат од Град Скопје.

Ова не е првпат возило да пропадне на Плоштадот. Во јуни 2017, пропадна камион додека се подготвуваше бината за пречек на ракометарите на Вардар по освоената титула европски прваци.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести