Како доказ дека изнесените информации за наводно потрошени 22 илјади евра од почетокот на мојот мандат, се груба, недолична и безобразно конструирана лага, до сите медиуми денеска е доставен остар демант кој во прилог содржи детален шест месечен извештај за сите трошоци направени. Дополнително, во прилог се доставени и наративни извештаи од реализираните активности.
Уште еднаш, најостро ги демантирам изнесените навреди и лаги.


Ваквиот срамен чин јас го разбирам само како СТРАВ од успехот кој заедно со мојот тим го постигнавме за многу кратко време. Очигледно дека тоа некому му пречи, па се обидува преку груби невистини да ми нанесе штета не само мене како министер, туку на целиот сектор земјоделство.
Јас ќе продолжам и понатаму да работам чесно и транспарентно.
-Фејсбук статус на министерот за земјоделие Арјанит Хоџа
]]>


