Комисијата за заразни болести донела одлука, досегашните рестриктивни мерки да продолжаат уште една недела поради непредвидливоста на вирсуот и се уште високата трансмисија, велат извори за Канал 5 телевизија.
Според изворите, наредниот понеделник ќе има повторно заседавање на комисијата за заразни болесни каде што повторно ќе се разгледува епидемиолошката ситуација, па според неа и ќе се одлучува, а на тој состанок тема ќе бидат и мерките кои што ќе бидат на сила за претстојните празници.
Угостителските остануваат затворени за гости, и ќе продолжат само со достава, обложувалниците и понатаму ќе работат со едно-шалтерски систем, а под клуч остануваат фитнес центрите. На сила останува и полицискиот час од 20 до 5 часот наутро.
Властите очекуваат постојните мерки да ги намалат бројките на новозаразени, а кон тоа ќе придонесе и вакцнинирањето кое се одвива. Денеска Македонија ќе ја добие првата од двете пратки Фајзер вакцини, каде што земјава ќе добие 10.00 дози.
]]>


