Дваесет и четири часа откако започна интензивната потрага по 39-годишниот исчезнат беровчанец, Александар Черговски, тој е пронајден жив и со него е воспоставен контакт, известуваат од неговото потесно семејство, oбјави ММС.
Черговски, кој живеел во Германија, Берлин, последен пат бил забележан на 18.02.2021 година при влез во Македонија на граничниот премин Табановце.
Радосната вест ја сподели неговиот внук, Кирил Черговски, кој на социјалните мрежи им се заблагодари на сите за напорот и помошта искажана при самата потрага.
]]>


