(ВИДЕО) Ѓеровска: Треба да се разбие фамата за органското производство како тешко и неисплатливо, напротив, повеќе се заработува и има 100 % повисоки субвенции

Со започнувањето на проектот Договорно производство на органска пиперка, инициран од Агротим, освен што се форсира договорното производство, посебен акцент се става на органското производство како можност за развој и поголема заработка на земјоделците.

Поради недоволна информираност на земјоделските производители постои недоверба во производство на органски производи. Најчесто земјоделците сметаат дека прихраната и заштитата се поскапи, а приносот помал и едноставно не сакаат да пробаат и да се разубедат во спротивното.

Но експертите и новото време ги демантираат земјоделците кои се тешки на промени. Новите европски трендови, барањата на потрошувачите и потребата од здрав живот, се повеќе ја наметнува потребата од зголемување на површините под органски култури. Овој процес го помага и државата со 100 % повисоките субвенции за органско производство.

Во видеото погледнете што велат земјоделците и советничката за органско производство Ангела Ѓеровска за разликата меѓу конвенционалното и органското производство на расад пипер од сортата „куртовска капија“ како дел од Договорното производство на органска пиперка.

Активноста се спроведува со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.

https://www.youtube.com/watch?v=Kr58gD1rHEw&t=2s
]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести