Уште еден ден без починат од Ковид 19, нови 29 заболени

Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19 од:• Скопје – 9• Кичево – 5• Куманово и Тетово – по 4• Прилеп и Охрид – по 2• Штип и Струмица – по 1.

Нема починати лица.

Регистрирани се 34 оздравени пациенти од:• Скопје – 18• Прилеп – 4• Куманово и Тетово – по 3• Битола – 2• Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

]]>

Најчитани вести