„Ние ќе почнеме втор процес на преговарање и сигурна сум дека ќе стигнеме до одредени заеднички решенија утврдувајќи ги сите факти и аргументи на маса кои Комисијата ги добила како информација. Во интерес на учениците, учебници ќе има и учебници има во системот, ние дополнуваме дидактика и одреден процент на учебници“, рече Царовска.
Министерката истакна дека е значајно што целиот овој процес на откуп на учебници се води транспарентно и за првпат МОН ги бара одобренијата.
„Сите овие работи сега се на виделина и значајно е самите издавачи да ги знаат и да ги имаат и од друга страна МОН конечно да има информација дали има или нема одобренија (ендорсмент за Кембриџ), но и да ги има ендорсментите во своите архиви што не беше случај до денеска“, рече Царовска.
Извор: Фронтлајн
]]>


