Деновиве Хо Ван Ланг е главна тема на светските медиуми. 49-годишникот пораснал во џунглата со својот татко, а пред само осум години и двајцата биле спасени од изолираниот живот и донесени во малата виетнамска населба каде што се уште живее.
Таткото Хо Ван Тан ја напуштил цивилизацијата заедно со Ланг и неговиот втор син Три, откако неговата сопруга и другите две деца загинале во експлозија на бомба за време на војната во Виетнам во 1972 година.
Тан се плашел од животот меѓу луѓето затоа што не верувал дека војната е завршена, па дури и денес вели дека сака повторно да се врати во џунглата.
Она што најмногу шокира од приказната на овој вистински Тарзан е фактот дека до неодамна не знаел дека има жени! Како што вели, неговиот татко никогаш не му објаснил дека има два пола, па другиот пол за прв го видел кога пристигнал во малата населба. Во текот на својот живот видел само пет лица, од кои бегал и им се криел затоа што не знаел дека ‘човекот’ е еден вид од живите суштества.
Недостатокот на социјални вештини е една од најголемите пречки со која Ланг се бори веќе осум години по доаѓањето во цивилизација, а иако сега знае дека има мажи и жени, тој сè уште не ја разбира главната разлика меѓу нив.

Неговиот брат го опиша како бебе заробено во машко тело затоа што не го разбира концептот на живеење во нормален свет.
-Тој не ја знае разликата помеѓу доброто и лошото однесување, не знае ништо за животот. Пораснал во дивината, сè уште не ја разбира разликата помеѓу маж и жена и нема сексуална потреба. Никогаш ја немал, не знае за тоа – вели неговиот брат.

Сепак, Ланг досега се прилагодил на животот помеѓу луѓето и секој ден учи нешто ново.
]]>


