– Не знам како сеудрив во оградата. Не барав музика на радио, ниту пак барав нешто на совозачкото седиште, туку гледав каде возам. Концентрацијата ми падна и одеднаш мојот автомобил удри првп во левата ограда, па потоа во десната ограда и се вртев двапати,изјавила пејачката.
Сето ова се случило на автопатот А3, во близина на Криш кај Иваниќ-Град. Палдум патувала кон Загреб за да ги договори деталите за нејзиниот концерт, што ќе го одржи во Центарот за култура „Ватрослав Лисински“ на почетокот на април.
-Му благодарам на Господ затоа што ме чуваше. Не можам да поверувам дека се удрив и на тој проклет автопат, каде што загинаа моите колеги, Емир Хаџихафизбеговиќ, Тоше Проески и актерката Долорес Ламбаша. Не знам што не е во ред со тој пат, но тоа не е нормално. Го видов знакот Крст и кога ќе размислам, тоа беше знак и од небото, смета Палдум.
-Не возев брзо и го имав на себе заштитниот појас. Кога излегов од разбиениот автомобил, еден човек веднаш ми пријде и ме праша дали ми треба помош. Имав чувство како да сум се паркирала и дека не се случила незгодата“, изјави Ханка за Ало.рс.
]]>


