-Во оваа акција поттикната од нашата организација учествуваа жителите на општина Пехчево, учениците и вработените од ООУ ,,Ванчо Китанов“, вработени во неколку фирми, меѓу кои најактивни беа вработените во ДИК Фагус и СинотТип. Акцијата заврши успешно, бидејки со донација од Пакомак, обезбедена е електрична количка за млад жител на Пехчево, истакнаа од Организацијата на жени во Пехчево.

За тоа колкаво е значењето на оваа акција, од ОЖП го пофалија младиот Давор Поповски кој наскоро ќе наполни 7 години, а започнал со собирање на капачињата од негова 3 годишна возраст.
-Оваа акција е од огромно значење и за подигање на еколошката свест поради што упатуваме огромна благодарност до сите кои помогнаа во таа насока, а особено голема благодарност до Пакомак, додадоа од пехчевската организација на жени.
Информираа дека според законот за социјална заштита и правилникот за ортопедски помагала, моментално за некој да добие ортопедско помагало т.е количка, мора да е студент или вработен, заради што како организација ќе покренат иницијатива тоа да се смени.

Со вакви и слични акции кои имаат за цел да придонесат за општо добро во заедницата, од ОЖП најавија дека ќе продолжат и во наредниот период.
Во продолжение неколку фотографии на професорката Магдалена Поповска од Пехчево која ги испратила на „Делчево365.mk“.



Извор: Делчево365.мк
]]>


