(ВИДЕО) Вашингтон го погоди торнадо, 30.000 домови без струја

Силно невреме го зафати Вашингтон, поради што многу домови останаа без електрична енергија.

https://twitter.com/dougkammerer/status/1410763545583702017

Невремето започна во близина на Фолс Черч и Арлингтон, помина низ центарот на Вашингтон и заврши во округот Принц Џорџ во Мериленд.

Американската национална метеоролошка служба соопшти дека поминал најлошиот дел од невремето, но ги предупреди граѓаните да бидат „крајно внимателни“ кога излегуваат од дома.

https://twitter.com/mvaugh119/status/1410781534785880069

Повеќе од 30.000 домови во Мериленд и Вирџинија останаа без струја, додека во Вашингтон 10.000 домаќинства се без електрична енергија, објави Ју-Ес-Еј тудеј. 

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести