Уна Чолиќ, постарата ќерка на пејачот Здравко Чолиќ, во последно време го привлекува вниманието на јавноста со провокативните фотографии што ги објавува на Инстаграм.
Овој пат таа ги воодушеви своите фанови со фотографија од плажа.
„Сон на милион момчиња“, напиша во коментар еден од нејзините фанови.
Наследничката на Чолиќ освен со својот изглед го привлекува вниманието и со скапите оарчиња гардероба, а често се фали и со своите патувања за време на кои престојува само во најдобрите хотели.
Инаку, Уна завршила приватно средно училиште во Кожутњак, а минатата година се запишала на факултет.
Додека не положила возачки испит, татко ѝ ѝ плаќал приватен возач.
Пејачот Здравко Чолиќ има две ќерки, Уна и неговата помлада ќерка Лара (13) заедно со неговата сопруга Александра, со која се во брак од 2001 година.