Авионот ќе оперира пет дена седмично и два пати дневно ќе ја поврзува Северна Македонија со остатокот од светот, соопшти компанијата посочувајќи дека со новата инвестиција, од сега благодарение на карго авионот со поголем капацитет и напредна технологија, корисниците од државава ќе ги имаат на располагање стандардните транзитни перформанси (overnight delivery) со земјите од ЕУ и светот, без разлика на големината и тежината на нивните пратки.
– Со ова се отвораат и огромни можности за сите компании во Македонија за проширување и развој на својот бизнис ширум светот, како и за поевтин, но брз и безбеден транспорт на тешки или габаритни карго пратки (airport to airport), кои во минатото немаше можност да се транспортираат по воздушен пат заради ограничениот капацитетот на досегашниот ДХЛ авион, но и заради тоа што патничките авиони што слетуваат на нашиот аеродром се со мал капацитет, претежно наменет за багаж, стои во соопштението.
МИА
]]>


