(ВИДЕО) НА САМО 3 ЧАСА ОД СКОПЈЕ: Во овој манастир се исполнуваат сите желби

По приказните на многуте верници, Свети Роман навистина ги исполнува добронамерните желби. До сега се забележани случаеви дека болнте лица со помош на молитви од манастирот си заминуваат здрави и исцелени.

На десната обала од Јужна Морава, на 20 км од Крушевац, во близина на Ѓунис, се наоѓа манастирот посветен на Свети Роман, со храм посветен на Благовештение на Пресвета Богородица. Прв пат, овој манастир се спомнува во византиска хрисовула од 1020 година. Во него монахот Роман, ученик на Свети Климент Охридски, го поминал својот земен живот, исполнет со подвизи и чуда, за на крајот и самиот да се освети и да биде прогласен за светител после неговата смрт. Гробницата на Св. Роман со неговите свети мошти се наоѓа во јужниот дел на црквата. Многубројни се примерите каде се услишени молитвите пред светите мошти.

Со ова се согласува и Свети Николај Велимировиќ, кој повеќе пати го посетил светороманскиот манастир и напишал служба на овој Божји угодник, кого го нарекува Роман Моравски во која се вели: „Со неговите молитви слепите гледаат, глувите слушаат, сакатите проодуваат, обземените со лошите демони се прочистуваат…“

Во манастирот се наоѓа и гробното место на рускиот полковник Николај Рајевски, , кој му послужил како инспирација на Лав Толстој за ликот на Вронски, во романот “Ана Карељина”.

Манастир Ѓунис со црквата Покров на Пресвета Богородица е женски манастир, кој се наоѓа во долината на Јужна Морава во истоименото село Ѓунис.Ова Свето место е откриено на чудесен начин 24 Јули 1898 година. На овој ден Пресвета Богородица се јавила на тринаесетгодишната Милојка Јоциќ, фрлајќи стомна со вода на камен, благословувајќи го изворот од кој потекла вода и за кој прорекла дека ќе исцелува болни, го посочила местото каде треба да се изгради црква.

Каменот денес се наоѓа во малата црква, подигната во 1934 година по благослов на Светиот владика Николај.

На посетителите им се препрорачува, најпрво да читаат молитви, а потоа да конзумират вода од изворот за која се верува дека е света.

Манастирот се наоѓа во Алексинац, Србија.

https://www.youtube.com/watch?v=WpqjfSoUFIE
]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести