Пејачката Јелена Карлеуша објави снимка од Охрид каде што дојде за да го одржи својот прв настап по долга пауза поради пандемијата на коронавирусот.
Имено, таа објави видео од хотелската соба каде што престојува на својот Инстаграм профил, а од видеото може да се види како таа се загрева пред настапот и паѓа.
Облечена во тесно трико и високи потпетици, Јелена одлучи да испроба неколку потези со еден од луѓето од нејзиниот тим и заврши на паркетот.
Карлеуша падна на задникот, а човекот со кого се загреваше набрзина ѝ помогна да стане од земја.