Нови 14 заболени од Ковид 19

Mинистерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, а регистрирани се 14 нови случаи на КОВИД-19.

Новите заболени се во: • Тетово – 8 • Гостивар – 3 • Скопје – 2 • Струга – 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Регистрирани сe и 2 оздравени пациенти од Скопје.

Досега во земјата се направени вкупно 909.405 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, бројката на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 184.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести