Нови 19 случаи со КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 3667 тестирања.
Оздравени се девет (пет од Тетово и четворица од Скопје) и нема починати пациенти.
Активни на вирусот се 246. Како што информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, осуммина од новозаразените се од Скопје, пет од Тетово, двајца од Куманово и по еден нов случај имаат Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар.
Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на КОВИД-дијагностицирани достигна 155 901 од вкупно 927 182 тестирања. Оздравени се 150 168 пациенти, починати 5487, а активни се 246 случаи.
МИА
]]>


