Пожарот кај Кочани почна да ги голта куќите, гори и куќата на градоначалникот

Пламените јазиции во Кочани стигнаа до градот и според првичните информации веќе изгореа неколку куќи меѓу кои е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев.

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Извор: Слободен печат

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести