ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје едногласно пристапија кон одлука да се испрати помош за гаснење на пожарот кој денес го зафати Кочани.
„Во моментот кон Кочани тргунуваат 6 цистерни на ЈП
Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје, со цел да се
помогне во гаснење на пожарот кој попладнево го зафати Кочани. Со заедничка
едногласна одлука ја испраќаме оваа помош кон Кочани и кочанчани, со надеж за
побрзо стопирање на огнената стихија. Солидарноста на нашиот град и нашите
претпријатија секогаш ќе биде на располагање онаму каде што таа е потребна“ –
посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација –
Скопје.