Според зборовите на списанието „Closer“, дружењето помеѓу актерите вклучувало и романтични вечери и пиење вино.
Веднаш по снимањето на најновата специјална епизода тие двајца почнале да си разменуваат пораки, а минатиот месец Дејвид почнал и да доаѓа во станот на Џенифер во Лос Анџелес.
„Се дружат во нејзината куќа, каде што си готват и вечери, а времето им поминува во разговор и смеење. И двајцата пијат вино, разговараат, шетаат заедно. Хемијата е очигледна “, опишал изворот за „Closer“.
Актерите на „Пријатели“ според договорот за ангажирање што го потпишале имаат и обврска што треба да ја почитуваат, а тоа е дека не смеат да бидат во љубовна врска надвор од сетот. Анистон и Швимер открија дека тие скоро ја прекршиле таа точка од договорот затоа што има искри помеѓу нив.
Дејвид призна дека многу се заљубил во Џен за време на повторното нивно собирање во мај, а Анистон пред водителот Џејмс Корден изјави дека на тоа било одговорено за време на шоуто од 1994 до 2004 година.
„Еден од нас секогаш беше во врска и никогаш не ја преминавме таа граница“, се потсети Дејвид.
]]>


