Пред 3 години таа привлече големо внимание на музичкиот натпревар како со нејзиниот глас, така и со нејзиниот изглед.
Младата пејачка која потекнува од Подгорица, успела да го намали бројот на килорамите, а нејзината трансформација е неверојатна.

На својот профил на Инстаграм, Крстиња објави фотографија од морето и на сите им покажа како изгледа сега, позирајќи во костим за капење,
На почетокот на оваа година, Крстиња откри дека имала јасна цел пред себе и дека успеала да ја постигне со помош на операција на стомакот.

-Годинава имав разни пресврти на сите полиња. Здравјето ми е на прво место, како и намалување на моите килограми. Се одлучив за операција на стомакот за да го исполнам мојот сон. Пријатно сум изненадена бидејќи не можев ни да се замислам себе си со витка линија – изјави Крстиња, која ослабнала 70 килограми и додаде:
-Сега веќе имам 70 килограми помалку од 142 килограми, колку што тежев на почетокот. Мојот план е да ослабам уште 15 килограми – изјавила тогаш Крстиња за „Блиц“.


