„Сакам да се заблагодарам и на премиерот Зоран Заев, на претходниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски и претходниот директор на платежната агенција, Николче Бабовски, за несебичната поддршка и соработка за искористувањето на средствата од Европските Фондови, од ИПАРД фондовите кои се навистина голема поддршка, голема помош, голема можност… за сите оние кои имаат идеи и планови и сакаат да ги реализираат. Овие средства можат да се рализираат исклучиво со помош на институциите, на Владата.
Дел од тие средства, треба да бидат помош од Владата, односно
30 проценти во мојата инвестиција се од Владата. Се надевам и посакувам дека и сегашниот министер за земјоделие и директорот на платежната агенција и сите останати дека ќе им помагаат на сите оние кои што имаат идеи и планови за реализијација на ваквите средства, бидејќи тие на нас чекаат, на оние кои што се храбри. Може да се аплицира, не чекајте, пробајте да ги искористиме сите средства, тоа е за наше добро, порача Џемајловски.
„Подгорка“ е еден од водечките дистрибутери на територијата на Македонија за млечни производи, замрзнати и свежи говедски производи, замрзнато пилешко месо, конзервирани производи и замрзнат зеленчук.
]]>


