(ВИДЕО) Се спасуваат болните од ковид центарот

„Пожарот во болницата избил со голема брзина“, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Таа нема информации дали има повредени или жртви. 

Пожар го зафати вечерва ковид-центарот во болницата во Тетово. Пожарот е пријавен по 21 часот, откако густ чад и пламен бил забележан како се шири од објектот. Противпожарни екипи се обидуваат да ја локализираат огнената стихија. Очевидци велат дека зградата е целосно опожарена. 

„Пожарот во болницата избил со голема брзина, пред околу еден час“, изјави  градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Таа нема информации дали има повредени или жртви. 

„Информирана сум дека толку брзо се случило. Немам други информации за можни жртви, тоа официјално ќе бидеме информирани. Апсолутно жалам многу, болни луѓе тука биле на лекување“, вели Арифи.

Во моментов не се познати причините за пожарот.  Во тетовскиот Ковид-центар се хоспитализирани над 80 пациенти.  Министерот за здравство, Венко Филипче итно се упати за Тетово по информацијата за избувнатиот пожар.  На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од пожарот во модуларната болница.

]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Македонија

Најчитани вести